Европскиот фронт, предводен од ДУИ, порачува дека овие избори претставуваат референдум за европската иднина на земјата, а поддршката од европските партнери е поголема од кога било и ова е момент и можност што мора да се искористи.
Според нив, ниту една политичка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт, бидејќи, како што велат, тие се вистинските претставници на албанскиот, турскиот, бошњачкиот, ромскиот народ и на сите претставници во оваа платформа.
Техничкиот министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами, од редовите на ДУИ денеска на прес-конференција изјави дека секоја политичка авантура, како што е најавената коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција „Вреди“, може да биде ризична за иднината на државата.