Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е казнет со 9.000 долари за непочитување на судот, затоа што во судницата во Њујорк постојано ја прекршувал забраната за коментирање на судскиот процес во јавноста, односно давање јавни изјави за сведоци, поротници. Судскит процес против Трамп се однесува за тајна уплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс.
Судијата Хуан Мерџан изјави дека доколку го направи тоа повторно, може да биде испратен во затвор, додавајќи дека паричната казна можеби не е доволна за да послужи како пречка за богатиот бизнисмен, кој стана политичар, и жали што нема овластување да наметне повисока казна.
„Трамп со ова е предупреден дека судот нема да толерира континуирани намерни прекршувања на неговите законски наредби и дека, доколку е потребно, ќе изрече затворска казна“, се вели во одлуката на судијата.