Српските пратеници изгласаа нова влада со 152 гласа „за“ и 61 „против“, која ќе ја предводи лидерот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ.
Новиот премиер Вучевиќ досега беше потпретседател на владата и министер за одбрана, а од 2012 до 2022 беше градоначалник на Нови Сад, за потоа да стане наследник на Александар Вучиќ, како лидер на СНС.
Новата Влада на Србија брои 31 член, од кои една третина се нови имиња во споредба со претходната Влада на чело со Ана Брнабиќ.
Посебно внимание беше посветено на двајца министри кои се под санкции на САД: Александар Вулин, кој ќе биде вицепремиер, а Ненад Поповиќ ќе биде министер без ресор.
Фото: Фонет