Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката.
Овој потег на ДСЗИ доаѓа откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки.
– ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме, изјави директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.