Владата на Израел одлучи да ја затвори телевизиската мрежа Ал Џезира во земјата, означувајќи ја како гласноговорник на Хамас.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека владата се согласила на затворање додека трае војната во Газа.
Полицијата во неделата изврши рација во канцеларијата на катарскиот радиодифузер во хотелот „Амбасадор“ во Ерусалим.
Ал Џазира одговори на тврдењата дека таа е закана за израелската безбедност- ги нарече „опасна и смешна лага“.
Каналот рече дека го задржува правото „да го следи секој правен чекор“.
Фото: Getty Images