25 минути

Украина уапси агенти со план за атентат на Зеленски


Службата за безбедност на Украина објави дека уапсила членови на мрежа на агенти на руската Федерална служба за безбедност, кои планирале да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Уапсени се двајца полковници од управата на Државната гарда на Украина, чии имиња не се соопштуваат, се обвинети за велепредавство извршено за време на војната и подготовка на терористички акт. Тие биле уапсени откако им биле претресени домовите. Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува доживотен затвор.

Освен тоа, рускиот план вклучувал и ликвидација на шефот на СБУ, Васил Маљук, шефот на военото разузнавање, Кирил Буданов, како и на други високи украински функционери.

Службата за безбедност на Украина соопштува дека во задачите на мрежата агенти на ФСБ, била и потрагата по воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, кој би можеле да го земат како заложник и подоцна да го убијат