25 минути

Излезноста до 11 часот е поголема број на парламентарните, од претседателските избори

Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека 12,87 отсто за избор на претседател.

На парламентарните избори досега гласале 244.325 гласачи. Најголем број во Изборната единица број 3, 17,59 отсто или 48.280, а најмалку во Изборната едница број 6, 8,59 отсто или 27.142 гласачи.

За избор на претседател до 11 часот гласале 222.666 гласачи, од кои најголем процент во Крива Паланка 27,99 отсто, Пробиштип 24,89 и Демир Капија, 23 отсто. Најмал одѕив на претседателските избори има во општините Липково 1,76 отсто, Врапчиште 2,37, Боговиње 2, 24, Желино 3,07, Арачиново 3,44 и Сарај, 4,08 отсто.