Силјановска- Давкова: Како претседателка, ќе направам се да ги бранам државните и националните интереси
Гордана Силјановска- Давкова како претседателска кандидатка на ВМРО- ДПМНЕ ја потврди победата и им се обрати на гласачите- “граѓаните се одважија без оглед на етничка, верска, социјална и друга положба да излезат достоинствено и да го дадат гласот на оној којшто сакаат, изјави претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.
– Не ми се случило да ги убедувам граѓаните дека сум најдобриот избор, дека сум неповторлива и сл., тие го направија изборот и тие направија вистински избор. Има ли поголема промена од тоа жена да стане претседател на оваа државничка, држава? Мислам дека со мене, кога ќе се опкружам со слични жени на мене, свои, субверзивни, стамени, тоа е реформски чекор. Мора ние да се обидеме да ставиме крај на валканизацијата, да помагаме едни на други. Ќе направам се да ги бранам државните и националните интереси. – рече Силјановска.