Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и еврокомесарот Оливер Вархеи во заедничка изјава за вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Македонија и ја честитаа победата на Гордана Силјановска-Давкова со порака дека со нетрпение очекуваат да работат со новата претседателка, прва жена шеф на државата во Северна Македонија.
„Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Северна Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани.
Северна Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.
ЕУ и Северна Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива”, порачуваат Борел и Вархеји.