Амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест поради тоа што таа за време на нејзината заклетва ја нарече земјата „Република Македонија“, наместо уставното име- Република Северна Македонија.
Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека на денешната церемонија не присуствувале лидерите на соседните земји, Бугарија, Србија и Албанија , за разлика од последната церемонија каде присутен бил и бугарскиот претседател Румен Радев.
Според медиумот, земјите наводно тврдат дека не ги добиле поканите навремено.
На инагурацијата на претседателот Стево Пендаровски , според архивите на медиумите, биле присутни претседателите на Србија, на Албанија, на Косово и на Бугарија, Румен Радев, како и грчкиот шеф на дипломатијата, како преставник на Атина.