Македонската кинематографија и филмовите што допираат до публиката надвор од границите на нашата земја се високо ценети од вистинските познавачи на филмот.
Во „25 минути“ оваа недела – интервју со Георги Унковски, режисер чиј дебитантски филм „Диџеј Ахмет“ имаше светска премиера на фестивалот Санденс во јануари. Филмот освои две награди: наградата од публиката во програмата „Светска филмска драма“ на фестивалот и специјална награда од жирито за креативна визија.