Што значи кога храна станува прашање на национален идентитет? Посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје и нејзиното објаснување за зачувувување на идентитетот, меѓу кои и македонските специјалитети, крена бура во јавноста.
Но, неспомнувањето на ајварот како автентичен македонски производ од страна на Кос ги засили сомнежите дека всушност Словенија го има заштитено како нивен национален производ, дури на социјалните мрежи се одеше дотаму дека станува збор за класична кражба, што е демантирано од страна на експертот и адвокат за интелектуална сопственост, Валентин Пепељугоски.