Серијал „Ја напишаа историјата“: Интервју на Биљана Секуловска со Маргарита Цаца- Николовска.
Цаца-Николовска е поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур и меѓународна судијка на Уставниот суд на БИХ, за која овој Суд пишува дека имала исклучителен придонес во неговата работа.
Таа говори за нејзините почетоци во кариерата, за интегритетот на професијата судија, времиња кои се сосема различни од денешните. Кои се луѓето кои биле нејзини учители, соработници, какви предизвици имала, како ги надминувала, во првиот дел од интервјуто со Цаца-Николовска.
