По бришењето на зборовите од новиот дигитален толковен речник за кои бурно реагираа од Граѓанската иницијатива АВАЈА, дека се навредливи и дикриминирачки за Ромската зедница и сериозните критики од стручната фела дека бришењето е скандалозно и е цензура од Владата, од Институтот за македонски јазик признаваат- ја увидовме грешката, во речникот нема слични зборови за другите етнички заедници и затоа ги избришавме, но се враќаат редифинирани, заедно со слични за другите заедници.
Во Инстутотот се децидни – нема цензура и притисок од Владата, пресудно за бришењето на спорните зборови биле заканите за масовните протести низ цела држава и Европа на кои повикуваа од АВАЈА.
Гости во 25 минути се: проф.Елена Јовановска-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, Љатифе Шиковска, пратеничка, Елвис Шакири, активист на невладината организација АВАЈА, Дехран Муратов, новинар и активист и Мартин Демировски, консултант за граѓанско општество, Брисел, Белгија.