Образование под товар на учебници полни со говор на омраза, дискриминација и стереотипи
Македонија има најдолго затворање на училиштата во регионот поради КОВИД-19. Почетокот на второто полугодие се пролонгираше, а ризиците со кои се соочуваат децата надвор од клупите се поголеми од оние во училниците.
Ограничените ресурси, контрадикторните учебници со спорни содржини како и немањето пристап за следење на наставата од далечина го уназадува деценискиот напредок на образованието.
Основците и средношколците по продолжениот зимски распуст се враќаат на настава во училишните клупи. Додека експертите се поделени околу тоа дали квалитетот на образованието е доведен во прашање поради пандемијата и онлајн наставата, замрзнатите реформи и спорните учебници полни со говор на омраза и дискриминација остануваат нерешен проблем.
Гости во 25 минути се Виолета Симјановска, професорка на Академија Сибелиус, Финска, Ирена Цветковиќ, Коалиција „Маргини“, Илија Ацевски, универзитетски професор и социолог и Ана Глигорова од движењето „Поддршка за онлајн настава“.