Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери(American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружбана претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работнапосета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците наСоветот, преку својата Програма за размена на делегации меѓуземјите, да се запознаат одблизу со начинот и со условите во коиработат успешните македонски приватни компании.
Дневниот ред на работната средба опфати презентација на деловнитеоперации на „Алкалоид“, резултатите од работењето, компанискитепласмани и на производствените активности, како и на општественатаодговорност, која е еден од клучните сегменти на корпоративнатаполитика на компанијата. Во рамките на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на „Алкалоид“ и наИнститутот за истражување и развој на компанијата. Посебен акцентбеше ставен врз деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо. Освен пласманите на чаеви од програмата „Good Nature“ и надетската козметика од брендот „Бекутан“, „Алкалоид“ е партнер одизбор на неколку реномирани, американски, фармацевтски компании, со кои има различни форми на соработка, како на пример лиценцнопроизводство, маркетиншко застапување и авторизации задистрибуција на нивните производи.
Членовите на делегацијата, меѓу кои г-ѓа Шанел Отри, г-ѓа ТараКембел, г. Џејк Еванс, г. Џон Мајкл Монгомери, г-ѓа Ешли Ванорни и г-ѓа Сузан Свинк, го истакнаа своето задоволство од успешнотоработење на „Алкалоид“ и од деловните активности на компанијата наамериканскиот пазар.
Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), од своетоосновање во 1966 година, на своите членови им дава можност задобивање глобална политичка и бизнис-перспектива, преку своитепрограми за меѓународна размена.