25 минути

Автомобил на годината 2024:  
Новиот PEUGEOT E-3008 е помеѓу финалистите 

На 27 ноември 2023 година, 59-те членови на жирито за Европски автомобил на годината (COTY), кои претставуваат 22 земји од целиот континент, од вкупно 28 модели, го избраа новиот PEUGEOT E-3008 да им се придружи на финалните седум кандидати за главна награда. Во последните 10 години, Е-3008 е 7-ми модел од PEUGEOT, кој е избран да биде COTY финалист. 

PEUGEOT го трансформираше 3008, подигнувајќи го на сосема ново ниво во однос на дизајнот, уживање во возењето и додаде водечки електрични перформанси за да го создаде новиот E-3008: 

  • · ALLURE. Fastback SUV со обновен, современ и впечатлив дизајн. 
  • · EMOTION. Предизвикани емоции од новиот панорамскиот i-Cockpit®. Уживајте во возењето на едно сосема ново ниво… 
  • · EXCELLENCE. Комбинира перформанси и целосно електричнен опсег до 700 km, благодарение на новата STLA-Medium платформа од Stellantis. 


Нема категории, поделби или класи. Може да има само еден победник на наградата „Автомобил на годината“, а победникот за 2024 година ќе биде објавен на 26-ти февруари во Женева (Швајцарија). 

Со новиот E-3008, PEUGEOT се приклучи на ексклузивната листа на финалисти за наградата „Европски автомобил на годината“ по 7-ми пат од 2013 година.  

Новиот 408 беше избран за COTY финалист на крајот на 2022 година, 308 на крајот на 2021 година, 208 на крајот на 2019 година (победник во 2020 година), 508 (Хечбег и SW) на крајот на 2018 година, 3008 на крајот на 2016 година (победник во 2017 година) и претходната генерација на 308 (Хечбег и SW) на крајот од 2013 година (победник во 2014 година). 


3 / 3Наградата „Автомобил на годината“ е најпосакувана во автомобилската индустрија. Жирито е составено од 59 членови кои потекнуваат од 22 европски земји. Секој од нив ги избра своите 7 финалисти во првичното гласање од долгата листа од 28 кандидати. Можете да ја погледнете листата на кандидати и финалисти на веб-страната за автомобил на годината: https://www.caroftheyear.org/

Новото ниво на Fastback SUV, новиот PEUGEOT E-3008, е подобрено благодарение на сосема новата платформа STLA-Medium на Stellantis која дебитира со PEUGEOT E-3008. Оваа иновативна платформа е дизајнирана да овозможи најдобри перформанси во класата за критериуми кои се најважни на клинетите: опсег (до 700 km), време на полнење (100 km за 10 минути), задоволство при возење, перформанси, ефикасност на дизајнот (помалку од 14 kWh / 100km) и поврзани услуги (Trip Planner, паметно полнење, функции од далечина и ажурирања „Over-The-Air“). 

Новиот панорамски PEUGEOT i-Cockpit® го подобрува уживањето во возењето со спектакуларниот заоблен „лебдечки“  21“ HD екран, кој ги спојува head-up дисплејот и централниот екран на допир. 

Новиот PEUGEOT E-3008 ќе се произведува исклучиво во фабриката во Sochaux во Франција. Веќе е достапен за нарачка во многу европски земји и ќе биде пуштен во продажба на почетокот на 2024 година. 

Имаме амбиција до 2025 да понудиме комплетна линија на електрични возила во Европа. PEUGEOT E-3008 е олицетворение на нашата стратегија за електрификација на брендот. Целосната гамата на електрични возила се состои од девет патнички автомобили и три комерцијални возила и претставува најширока и најефикасна палета од кој било конвенцијален бренд.