Убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски: Дали истрагата ќе опфати политички структури?
Девојче киднапирано, па убиено. Поранешен вицепремиер на американската „црна“ листа. Мафијашки престрелки во полн трговски центар во сред бел ден. Секој ден застарува по еден судски предмет против поранешни функционери. Ваквите наслови доминираат во медиумите. Тоа, пак, во голема мера ги отсликува најголемите проблемите со кои се соочуваат граѓаните.
Ретко се случува криминални афери од Македонија да се најдат во европските агенции и медиуми. Сепак, за убиствата на Вања Ѓорческа и Панче Жежоски, како и апсењето на главно осомничениот Љупчо Палевски-Палчо за кој има сознанија и се наведува дека е шеф на крајно десничарска партија на нозе се крена целиот регион.
Гости во 25 минути се Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз, и Катрин Лапревот, адвокатка и специјалист за кривично право, Нанси, Франција.