Телото на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка.
Во објава на Х, Кира Јармиш им се заблагодари на сите што побараа од властите да ги предадат неговите останки.
„Погребот допрва ќе се одржи“, напиша таа.
На мајката на Навални, Људмила, наводно и било кажано да се согласи на „таен“ погреб. Доколку таа одбие, тој би бил погребан во затворската колонија каде што починал.
Таа ја помина последната недела во градот блиску до затворот каде што тој почина, обидувајќи се прво да ја потврди локацијата на неговото тело, а потоа барајќи да и биде вратено.
По потпишувањето на потврдата за смрт во која се вели дека тој умрел од природна смрт, ѝ биле дадени три часа да се согласи на „таен“ погреб за нејзиниот син. Ако не се согласeла, тој ќе бил погребан во затворот каде што починал, г-ѓа Јармиш рече дека и било кажано на мајка му.
Г-ѓа Јармиш рече дека плановите за погреб сè уште не се јасни.
„Не знаеме дали властите ќе се мешаат во тоа да се спроведе на начинот на кој семејството сака и како што заслужува Алексеј“, рече таа.