Со 54 гласа против и 46 гласа за, пратениците од владејачкото мнозинство не го усвоија предлогот на опозициската ВМРО ДПМНЕ за продолжувањето на рокот на важење на пасошите издадени со старото уставно име.
Делегацијата на Европската Унија во Македонија со порака- земјава да продолжи да ги почитува меѓународните договори, додека признавањето на старите пасоши е одлука на секоја членка но не и заеднички став на Унијата.
„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучувајќи ги и заложбите за замена на патните исправи, содржани во Преспанскиот договор. Потсетуваме дека признавањето на патните исправи издадени од трети земји е во надлежност на секоја земја“. соопшти ЕУ.
Сепак, Собранието на наредната седница треба да расправа за иницијативата на ЛДП, пасошите сепа да важат до истекот на нивниот рок, но со печат на Северна Македонија.