СДСМ ја обвини МТВ но и опозициската ВМРО- ДПМНЕ дека имале нарачани и лажни анкети за изборите, ставајќи во увид на јавноста документи од штабот на опозициската партија. Станува збор за анкетите на ИПИС, за што програмскиот директор Владимир Божиновски и ВМРО- ДПМНЕ најавија тужба до СДСМ.
Според документите и соопштението на СДСМ, се предвидувало „креирање на емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС на Владимир Божиновски, какви што веќе се емитуваа на МТВ. Дефиниран е и составот на гости во емисијата, тројца аналитичари од опозицијата и еден од власта.
ДПМНЕ има и одговорен и за ширење лажни вести а креираат и лажни вести преку ‘дувла’ кои ги објавуваат опозициски портали.
Ова е голем скандал кој покажува дека лажните анкети се нереални и служат за манипулација на граѓаните а немаат врска со реалноста. Но исто така потврдува дека нема никаква промена во ДПМНЕ“, тврдат од СДСМ.