Шведската климатска активистка Грета Тунберг е уапсена од холандската полиција на протест во Хаг.
21-годишната девојка им се придружи на стотиците демонстранти во маршот против субвенциите за фосилни горива во саботата.
Протестот прерасна во конфликт додека десетици полицајци, некои на коњи, се обидоа да ги спречат демонстрантите да го блокираат главниот пат.
Локалната полиција ја стави Тунберг во автобус полн со демонстранти и таа беше избркана од местото на настанот.
Демонстрантите планираа да го блокираат автопатот А12 во Хаг за, како што велат организаторите на Extinction Rebellion (XR) по 37-ми пат. Патот е предмет на редовни блокади од 2022 година.
Претходна објава
Следна објава