Патриотизмот е вечна, најтешката тема во оваа земја, затоа и бескомпромисната борба против предавниците, квислинзите, јудите, е најважната историска мисија на политичките великани. Најдобрите, најзначајни, најсилни пораки доаѓаат од врвот, лично од премиерот Мицкоски, кој иднината на државава ја гледа како плодна почва за македонското семе, затоа што само така никогаш нема да умре македонското име.
“Некои можеби ќе ме прогласат и за конзервативен, некои можеби ќе ме прогласат за човек кој што можеби живее во минатото, но, јас мислам дека потомството, создавањето семејство и дечињата е патриотски чин и денеска така се брани иднината на Македонија и македонскиот народ. Ценам дека двојно зголемените бесплатни ин-витро процедури се во таа насока и тука не застануваме. Продолжуваме и понатаму“, рече Мицкоски и додаде:
„Во годината што следи ќе имаме многу поробусни акции кои што ќе значат подобрување на демографската слика во Македонија“.
Но, пред да започнат робусните акции на оваа власт кои ќе поттикнат раѓање на милиони и милиони дечиња во земјава, кутрите тие, кои не знаат што ги чека, да погледнеме во вистинската слика. Ова е земја на која клетите непријатели не ѝ го признаваат вековниот идентитет и јазик, затоа е и чесно е да се споменат и други величенствени аспекти на таа гордост од идентитет.
Европската младинска Олимпијада изобилува до експлозија со фасцинантни примери за боженствениот македонски идентитет.
Двајца велосипедисти од Исланд беа повредени на патот Куманово – Свети Николе. Федерацијата на Олимпијадата прилично шокирана и револтирана од критиките, објасни најтранспарентно дека тие самостојно се упатиле на таа патека која не била предвидена за тренинг. Ви велам, чесноста и искреноста е најдоброто што можете да го добиете тука, затоа и Федерацијата најотворено говори, дури и го има изгубено трпението, сака да каже- па, како досега не сфативте каде живеете? Дека веќе ако немате официјално обезбедување, некаква базична заштита која ќе ги блокира насилниците, убијците низ улиците, онака како што имаат политчките врвни умови, тогаш немате преголеми шанси да ги преживеете пешачките или велосипедските денови на улиците, едноставно простете се од животот на секое излегување од дома.
Или можеби сакате да слушнете за овие примери од Европската младинска Олимпијада, изјави на две спортистки Агата и Ашја Штурек?(Извор: ТВ Телма)
“Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима”. (Агата)
“Немаме тоалет за девојки во собите. Во однос на храната, малку е храната за нас девојките кои спортуваме на топло време. Информиравме за недостатоците, секој ден кажуваме за тоа. Што ви кажаа на тоа? – Дека ова е веќе испланирано и дека не можат да направат промени“. (Ашја Штурек)
Додека ги ловиме квислинзите и предавниците, тие проклети Јуди кои не произведуваат дечиња како подмачкани машини за раѓање, да го прославиме и идентитетот, оној вистинскиот. Тогаш кога организирате Олимпијада, а младите спортисти, ви ги газат убијци и насилници низ улиците, конечно еднакво како и вашите граѓани секојдневно, тогаш кога немате вода, канализација, ниту тоалети, ниту пак кревети, кога не постои климатизација во мизерните, распаднати соби за Олимпијците, и тоа на температура во земја со повеќе од 43 степени, која важи за најпеколно жешка на Балканот и меѓу водечките во Европа, тогаш кога насекаде ви е расфрлено ѓубрето, кое со години се таложи и го негувате, тогаш ви смрди државата. Таков ви е и идентитетот.
Јуди едни, бесрамни, не раѓате дечиња на ваква мизерија од држава.