Во најновото издание на емисијата „25 Минути“ се отвора темата за фемицидите во Македонија и институционалната одговорност во случаи кога системот не реагира навреме на пријавено насилство.
Дали службениците и институциите треба да сносат одговорност за непостапување во ситуации кои завршуваат со убиства на жени?
За овие прашања зборуваат Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Санела Шкријељ од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, и Тона Карева од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
