25 минути

Дали е лажна дилемата- здравје или економија

Најновата емисија “25 минути” ја отвора можеби најтешката тема- дали скоро непостоечките рестриктивни мерки се на штета на здравјето на граѓаните? Фатмир Битиќи, вицепремиерот за економија силно стои зад одлуката да функционира економијата, додека остра критика кон владините политики упатува економскиот истражувач од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ. Данела Арсовска, претседателката на Сојузот на стопански комори, ги анализира тешките времиња за малите и средни претпријатија, еднакво како и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата. Со про и контра аргументи излегуваат проф. Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ, и Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.