Денеска започна 6-тата по ред наградна игра на Макпетрол и Верна програмата за лојалност, „Верна – една и единствена“.
Во овој тежок период на пандемија сакаме да им бидеме поддршка на нашите верни купувачи и барем за момент да бидеме причина за нивна насмевка. Токму затоа и во овие отежнати услови наградната игра продолжува, како резултат на нашиот стремеж секогаш да ги ставаме потребите на нашите купувачи во центарот на нашата работа.
Следејќи ги светските трендови во нафтениот бизнис секогаш се трудиме да го обезбедиме најдоброто, како преку нашите горива, така и преку услугата и комуникацијата со потрошувачите.
Токму затоа, и оваа година, со почеток од 1-ви март, па се до крајот на годината, ја организираме најголемата наградна игра во државата, „Верна – една и единствена“.
Како и во десегашните Верна наградни игри, условите за учество остануваат непроменети. Со најмалку 10 поени впишани на Вашата Верна картичка, ќе бидете потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Ќе ги доделиме следните главни награди: скутер Honda, моторцикл Honda, гумен чамец комплет со приколка и мотор Honda и финалната мастер награда -современата Honda Jazz Hybrid.
Оние потрошувачи кои сеуште не извадиле Вернакартичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна – една и единствена“.
Само на бензинските на Макпетрол. Kолку повеќе полниш толку повеќе добиваш!
Маркетинг содржина