Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувањаи разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика.
„Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансираше многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски- Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“.
Маркетинг содржина