25 минути

Како војската ќе помогне во време на корона пандемијата

Зошто војската е дел од решението за кризата- за и против: министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска вели дека имаме голема помош од земјите на НАТО, но така не мисли ВМРО-ДПМНЕ- Дарко Костовски, пратеник и дел од Управувачкиот комитет за кризи, вели дека се попречува демократскиот процес во земјата. Стојанче Ангелов, прв човек на Кризниот штаб- помошта ја бара и од експерти, но и од Твитер и ФБ јавноста. Благоја Марковски, полковник во пензија и воено-политички аналитичар става фокус на психолошкиот момент на присуството на војската кај граѓаните. Новинарката Жанета Скерлев од Лондон ги анализира сите фази на помошта на британската војска во корона кризата.