25 минути

„25 Минути истражува“: Во кризна состојба војската им дава сигурност на граѓаните

Армијата се вклучува во справувањето со пандемијата со коронавирусот откако беше прогласена кризна состојба на територијата на цела држава. Околу 300 војници заедно со речиси 150 полицајци ќе ги обезбедуваат болниците во земјава.

Војниците нема да бидат вооружени и ќе бидат ангажирани само таму каде што ќе побараат здравствените власти. Центарот за управување со кризи на барање на Главниот штаб изработил план за местата кои ќе бидат обезбедувани од полицијата и армијата.

Претседателот на државата и врховен командант на воените сили Стево Пендаровски вклучувањето на армијата го најави веднаш по прогласувањето на кризната состојба на 20 ноември.

„Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и за полицијата кои што девет месеци деноноќно се борат со пандемијата и се крајно исцрпени, рече Пендоровски.

Влегувањето на војската на сцена наиде на отпор кај опозицијата која смета дека армијата ќе ги брани болниците од граѓаните. Власта смета дека војската е дисциплинирана и влева доверба кај граѓаните.

Но, што всушност може да помогне армијата во оваа кризна состојба. Дали обезедувањето на здравстените установи ќе биде нејзината главна цел.

Психолошкиот момент и оперативните задачи кои армијата ќе ги извршува се многу важни за граѓаните, смета Благоја Марковски полковник во пензија и воено-политички аналитичар.

Армијата има сериозни задачи и таа ќе си ја покаже цела своја подготвеност. Секако и психолошкиот момент игра голема улога и дава сигурност кај граѓаните, вели Марковски.

„25 Минути“ истражува, каде се’ може да помогне армијата. Дали се потребни дополнителни мерки за да се ублажи состојбата.