Поранешната судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца- Николовска предупредува- власта мора со кампањи да овозможи релевантни информации за вакцината. Докторандот по генетика, на Корнел Универзитетот во Њујорк, Никола Данев вели- вакцината не ја менува генетската структура, и затоа, науката го има приматот, а не конспирациите.