25 минути

Прилог на Менче Точи: Продолжува уништувањето на Водно

Урбанизацијата го стави на колена Водно- белите дробови на скопјани. Уништени шуми, узупирана и со нови градби, парк шумата Водно наместо да биде заштитена- се уништува со години. Планината која е создадена да го штити градот Скопје од опасности-поплави и ерозија ја губи битката и со тоа и ние. Ова е патот кој води кон Сопиште и замислената, никогаш реализирана, елитна населба Сончев Град, која ја планираше претходната власт. Започна да се гради во 2013 година кога беше исечена многу шума но поради свлечилиштето кое се појави- до ден денес не е пуштен во употреба.

Од другата страна на Водно, во подножјето во населбата Трнодол ситуацијата е стравична-во неселено место земјиштето еродира и постои опасност да се излизга надолу, а со себе да ги повлече и куќите. Таму во подножјето беше планирана изградба на три згради со висина од 16 метри. По реакција на жителите, планот е стопиран но никој не знае што предвидува новиот ДУП чија изработка е  во тек.

И не е само ова. Парк шумата Водно е узурпирана и од дивата населба со луксузни вили наречена Шпанско село, каде постојано се купувуваат нови плацеви за градба. И покрај противењето на екологистите пред три години,  дел од шумата е исечена за изградба на гасоводот. Сега проектот е стопиран, нема гас, а нема ниту шума во овој дел.

Гости во најновото издание на 25 минути се Каја Шукова, Државна секретарка во Министерството за животна средина, Иван Блинков, професор на Шумарскиот Факултет при УКИМ, Татјана Стојановска од здружението „Го Сакам Водно“, Ана Петровска, Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Јернеј Шмајдек, новинар и истражувач од Љубљана, Словенија и Методија Саздов, независен еколог. За да не следите онлајн: 25minuti.platform.mk instagram.com/25_minuti facebook.com/25minuti