25 минути

Влошена состојбата на жените – последица од пандемијата на Ковид-19

Глобалната пандемија и нејзиниот негативен исход врз целото општество длабоко ги погодија жените низ Македонија – зголемен процент на жени останаа без работа или се соочија со сериозен пад на месечните примања, а дополнително, пристапот до здравствените услуги стана значително попроблематичен или воопшто невозможен на некои локации изминатата година. Сите овие последици се инхерентно поврзани со Ковид-19 и неговиот сериозен ефект врз македонското општество, каде сè уште не е постигнато целосно спроведување на успешни стратегии кои промовираат родова еднаквост и родова рамноправност. Гости во ова издание на 25 минути се Светлана Јовановска, прес аташе на мисијата на Македонија во ЕУ, Дороти Пачкова, Здружение за еднородителски семејства „Една може“, Дарко Антиќ, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените и Снежана Калевска Ванчева, пратеничка и претседателка на Форумот на жени на владејачката СДСМ.