25 минути

Препораки за трета доза вакцина против Ковид-19 за целосна заштита

Во земјава почна да се дава и трета доза на вакцина против Kовид-19. Во услови во кои нешто помалку од 40% од луѓето се вакцинирани, а вирусот повторно започна да се шири, „Фајзер“ е единствениот избор за граѓаните за т.н. „засилувачка „бустер“ доза – пред почетокот на зимскиот период.

Во најновото издание на 25 минути, гости се д-р Никола Пановски, микробиолог, д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија, д-р Владимир Ристовски, специјалист интернист во Ковид центарот „8-ми септември“ и Ида Протуѓер, консултант и тренер за личен развој, Виена Австрија.