25 минути

Корупцијата во државава не се искоренува- зошто никој не го испитува потеклото на имот?

Лесна поткупливост, непотизам, скандали со корупција во речиси сите сфери на општеството, почнувајќи од најниските па се до оние највисоките ешалони на политичките функционири и судството. На овој начин започнуваат речиси сите извештаи на меѓународните институции кои го мониторираат индексот за корупција во земјава.

Што е тоа што постојано ја турка Северна Македонија надолу кога станува збор за корупцијата, и зошто државата не успева да воспостави ефикасни механизми за борба против ова зло?

Според граѓаните, судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителит се најкорумпирани лица во земјава. Дури 80 проценти од Македонците сметаат дека желбата за брзо богатење на оние кои се на власт влијае на широката распостранетост на корупцијата. Овие податоци се дел од анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спореведена во период од 17 април до 20 мај оваа година. 

Гости во најновото издание на 25 минути се Билјана Ивановска, директорка на Антикорупциската комисија, Герман Филков, претседател на Центарот за граѓански комуникаци, Арафат Муареми- директор на Управата за финансиска полиција и Тања Милевска, новинарка и дописничка за МИА од Брисел, Белгија.