25 минути

Личности на годината

И 2021 година, како и претходната, здравствените работници се тие што што заслужуваат да бидат прогласени за личности на годината.

Ни спасуваа голи животи во време на пандемија кое никако да заврши, се бореа за секој живот, за секое дишење и издишување до последниот здив, беа секогаш тука за нас, кога никого немавме да не утеши на респираторите, по болничките кревети или по ходниците, кога слушавме добри вести, а тогаш кога беа најтешките, тие биле единствените да пружат рака за последното збогување.

Аплаузи многу ретко добиваа низ овие две години од пандемијата, еднакво како и финансиска поддршка, исто толку малку благодарност и свесност за нивната храброст и пожртвуваност.

И не се само тие.

Личности на годината се секогаш и луѓето кои прават се, за да не ги забележиме дека постојат тука, само за нас, луѓето кои чесно и одговорно, со многу труд и мака го заработуваат своето парче леб.

Тие се секогаш невидливи, сметате на нив без да знаете дека се тука, тие никогаш не се наметнуваат, тие се онаа општествена социјална категорија која иако е најслабата, најревката, неретко понижувана и омаловажувана, но вистината е- тие ни се најважните, најтивките, најзаслужните што ние продолжуваме полесно да одиме низ животот, поспокојно и побезгрижно.

Не смееме да бидеме несвесни за нив, тие се луѓето кои ја бараат низ вековите нашата поддршка- текстилните работнички и работници, ѓубреџиите, продавачките и продавачите, благајничките и благајниците, спасувачките екипи, пожарникарите. Тие секогаш биле нашите херои.

Во политичките турбуленции, безобразните манипулации и традиционалната превртливост на политичарите, тоа се луѓето за кои вреди да се бориме.

Среќна Нова 2022 година!