Политиката на родова еднаквост не е второто име на оваа Влада
Во новата Влада, од вкупно 21 министерство само 4 министерства се раководени од страна на жени. Во времето на водењето на Заев на локалните избори во коалицијата предводена од СДСМ имаше 69 кандидати, а од нив само 5 од нив се жени. На истите избори одржани минатата година, од вкупно 301 кандидат за градоначалник само 25 жени кандидати. На што се должи неназначувањето на жените политичарки на високи политичките функции?
Родовата еднаквост во Македонија е проблем со децении. Експертите коментираат дека она што се случува во извршната власт е огледало на нацијата и општеството.
Гости во ова издание на 25 минути се Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Тања Иванова од Платформата за родова застапеност, Савка Тодоровска, претседателка на Сојузот на жени, Снежана Калевска претседателка на Форумот на жени на СДСМ и Тања Милевска, новинарка и дописничка за МИА од Брисел, Белгија.