25 минути

Балканските пристаништа се поважни актери за меѓународниот шверц на дрога

Слободен печат

Автор: Дејан Србиновски

Солунското пристаниште е едно од десетината слични локации на Балканот каде прекуЈадранското, Егејското и Црното море, меѓународните шверцери во регионот „внесуваат“ дрога, цигари и разно разни нелегални добра.

Ова се информациите кои денеска ги публикуваше организацијата Глобалната Иницијатива против Транснационален Организиран Криминал (ГИ-ТОК), лоцирана во Виена. Во нивниот документ насловен како „Порозни пристаништа: Истражување на поморските балкански патишта“, се наведува дека „балканскиот пат“ за трговија на кокаин, хероин и цигари преку копно се надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата на морињата во регионот.

Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц“, изјави коавторот Волтер Кемп.

Тој појаснува дека овие состојби веројатно се создадени поради мерките наменети за ограничување на миграциски текови во регионот но и Ковид ефектот како и војната во Украина.

“Големите заплени на кокаин обичично затскриени во кутии со бананиво пристаништата како Драч (Албанија), Плоче и Ријека (Хрватска) но и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе. Овие констатации одат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца (Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (ЦрнаГора) и Пиреа (Грција) – вели коавторот на истражувањето Волтер Кемп.

Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и еко-системот на пристаништата и нивните ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.

Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.

Тој додава дека е важно да се подобри безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите за спроведување на законот вдолж поморските балкански рути.

„Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локалните криминални групи туку и ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез до морето. Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските пристаништа по привлечни за бизнисот – законски и незаконски – вели тој.

Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во Југо-Источна Европа е подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминали и ЕВРОПОЛ.

Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се поништуваат поради корупција.

Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав во нелегална трговија.

„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради потенцијалот за шверц на гориво, Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална соработка со главна цела таа е за спроведување на законот“ –  вели Кемп.

Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.

„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.