Колку драматичен може да биде конфликтот помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ? Воопшто не е. Ова е стара приказна, веќе видена во оваа партија, стотици пати слушана низ бомбите на Заев. Груевски сè уште ја води оваа партија.
Парите се секогаш нивниот адреналин, нивната причина за живеење и илузија за бесмртност, макар биле запишани во криминалните читанки.
Парите како да се распределат и кој да ги украде се главниот проблем, како да се поделат тендерите, како да се доуништи државата. Чии прсти да влезат во медот, а чии да бидат отсечени, како предупредување за идните генерации, но не на политичари. Затоа што тука не гледате политичари. Тие не се тоа.
Пред вас имате само бесрамно наредени прсти, секогаш долги, секогаш грабливи, на дофат да им биде сè што воопшто постои. Со израснати нокти низ децениите со километарски должини, подготени да го изрибаат и најмалиот можен профит, да не остане ништо за другите освен за нив, никогаш да не можат да добијат оние кои тука живеат, граѓаните.
Подготвени да уништат сè. Дури и можност за чиста вода, да пропаднат пречистителни станици, да продолжиме да се закопуваме во ѓубре, да се давиме после само 20 минути дождови, да ни никнуваат дивоградби дури и од телата, за да им ги задоволиме криминалните апетити. Вистинска медена земја.