25 минути

Емисии кои поттикнаа промени оваа сезона

Зошто е важно е да се зборува пред медиумите за проблемите со кои се соочуваш? 

Заокружувајќи ја третата сезона, транспарентната борба на граѓаните заедно со 25 Минути, придонесе за неколку позитивни исходи. Зборувањето пред камера покренува свесност во општеството и предизвикува внимание за општествени случувања кои инаку ќе поминат незабележани.

Ширејќи лични приказни, луѓето може да им пркосат на стигмите и да ги охрабрат другите да зборуваат гласно. 

Снежана Милевска, Здружение на пензионери „Ѓорче Петров“

На овој начин, тие помагаат да се стави крај на тишината за одредени проблеми и поттикнуваат разбирање. И додека успехот не е секогаш загарантиран, позитивното влијание има удел во иницирањето разговори, кои имаат потенцијал да отворат нови теми кои понатаму ќе придонесат за промени, поддршка и решенија.

Третата сезона на 25 Минути ја одбележаа пред сѐ пензионерите, кои со нивната борба и помош од камерата, се чини конечно се движат кон посакуваните промени во пензискиот
систем
.

Во четвртата сезона како и до сега ќе стоиме отворени и рамо до рамо со работниците, со обесправените, со ранливите, со маргинализираните, со опресираните и со сите кои имаат што да кажат. И додека размислувате дали или кога да нѐ контактирате, отворете ги профилите на платформата 25 Минути и охрабрете се. Вашата приказна заслужува да биде слушната.