25 минути

Адора го отвори луксузниот апарт хотел „21st Century Zlatibor “- новото вистинско место за планиниски хедонизам 

Завршема е изградбата на “21st Century Zlatibor Spa & Wellness” by Adora, новиот ултра луксузен комплекс на “Адора”на Златибор, кој на почетокот од август ги отвори своите врати за првите гости. Упатените оценуваат дека се работи за прекрасен, по многу нешта исклучителен апартмански хотел на ниво со 5 ѕвезди, што со дизајнот на екстериерот и ентериерот и квалитетната понуда, на креативен, модернистички начин, дефинитивно се издвојува од остатокот од понудата.  
Во јавноста во Србија на големо се зборува за отворањето на хотелот на Адора на Златибор, кој е во фокусот на најпознатите „фаци“ од српската медиумска и естрадна сцена. Познатиот водител Огнен Амиџиќ комплексот го опиша како „Лудило“, најавувајќи дека најпопуларната емисија во Србија AmiG Show во август ќе се снима во 21st Century Zlatibor. На отворањето на објектот, каде Амиџиќ е само една  од познатите личности што засега има апартман, е најавено присуството на естрадните ѕвезди Гоца Тржан, Наташа Беквалац, Саша Матиќ, познати инфлуенсери, модели и други јавни личности од светот на музиката, филмот и спортот на Балканот.  
„Во нашиот пионерски проект на српскиот пазар 21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness,не само што го вложивме целото 20 годишно искуство и знаење во создавањето недвижности со додадена вредност; story tellingаспектот го однесовме чекор понапред. Посветивме исклучително време, внимание и brainstorming во создавање исклучителни мотиви, кои на крајот резултираа со единствен дизајн израз, којшто во различни форми и мотиви се провлекува низ повеќе делови од комплексот. Креиравме флуиден спој од дизајн стилови како mid century modern, contemporary и industrial styleart decojazz elegance, надополнети со дигитална современа уметност со акварел, мурали со ексцентрични мотиви и други внимателно осмислени детали. Судејќи по мене, првите импресии на купувачите кои дојдоа да ги примат во сопственост нивните инвестициски апартмани и реакциите од пријателите на нашата компанија и јавните личности, кои имаа прилика зад затворени врати да го видат комплексот, амбиентот и крајниот визуален резултат, опишано со еден збор се спектакуларни. Навистина сме задоволни од работата што ја сработи тимот на Адора во соработка со нашите долгогодишни дизајн партнери од Zavar Design и со уметниците од регионот PijanistqMilanović и други. Сите заедно создадовме апарт хотел којшто престставува уникатно авторско дело.

Расте интересот за проектот во целата српска и регионална јавност во пресрет на самиот почеток на работата, а во првата половина од август очекуваме низа кул личности меѓу првите гости. Наидовме на многу предизвици при реализацијата на овој проект, меѓутоа горд сум што како newideas & creative leader на нашата компанија, заедно со тимот успеваме печатот by Adora да го етаблираме во регионот како навистина препознатлив симбол за автентични недвижности, дополнети со профитабилен бизнис концепт. Истотака, горди сме што претставуваме успешен бизнис и економски Македонски амбасадор во регионот. Ве очекуваме во август на Златибор! “, порача Душко Чифлиганец, од втората генерација сопственици на Adora Business Group и проект лидер на 21st Century Zlatibor byAdora.  
Почесните први гости во 21st Century Zlatibor ќе се здобијат со долгорочни привилегии во комплексот со најубав поглед на Златибор, кој нуди неверојатно чувство „планина на море“ во базенот со солена вода и СПА центарот, декориран со несекојдневни уметнички дела. Ресторанот Gatsby спремно Ве очекува со гастрономска поезија од кулинарски специјалитети, има детско забавно катче за најмладите и градинарска кафетерија за возрасните. Преку резервација на веб страницата 21zlatibor.rs