25 минути

Нема отчет како се трошат парите на граѓаните

Здравствената криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 и избувнувањето на војната во Украина набрзо создадоа економска и финансиска криза и високи цени на електричната енергија, и ја доведоа Европа до висока инфлација. Граѓаните на Северна Македонија во моментов живеат во економска неизвесност.

Кризите ги намалија приливите во буџетите поради значително намалената економска активност, што доведува до пренамена на буџетските линии. Во средиштето на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации се буџетите на државата и на општините, но и нетранспарентноста за парите на граѓаните.

Гости во 25 минути се Сабина Факиќ, програмска директорка во Центар за граѓански комуникации, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, и Пјер Кристоф, член на здружението „Општо Добро“.