25 минути

ГРЕКО: Нема разрешени функционери по прекршувањето на Етичкиот кодекс на Владата

ГРЕКО заклучува дека Северна Македонија на задоволително ниво имплементираше тринаесет од дваесет и три препораки содржани во Извештајот за евалуација од петтиот круг. Од преостанатите препораки, девет се делумно имплементирани и една не е имплементирана.

Неспроведената препорака се однесува на анализата на практичната примена на системот на санкции во однос на прекршување на правилата и легислативата за конфликт на интереси, интегритет и анти-корупција и обезбедување дека санкциите се ефикасни, пропорционални и одвратувачки. 

Сепак заклучокот на ГРЕКО е јасен: Северна Македонија  е во недоволна усогласеност со препораките содржани во Извештајот од петтиот круг на евалуација.

Гости во 25 минути се Беса Арифи, шефица на делегацијата на Македонија во Греко, Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешнл и поранешна шефица на ГРЕКО со порака до македонските власти, и Дарко Аврамовски од Коалиција за правично судење.

Тони Гламчевски од Советот на Европа, Стразбур, ја има пораката од Марин Мрчела, претседателот на ГРЕКО.