25 минути

Поефикасен, поудобен, побезбеден и поелегантен- новиот PEUGEOT E-TRAVELLER 

Поефикасен, поудобен, побезбеден и поелегантен, новиот PEUGEOT E-TRAVELLER ги исполнува барањата за мобилност со нула емисија издувни гасови на професионалните возачи.

ALLURE

Нов дизајн кој е стилски обновен.

EMOTION

Најдобрата технологија за удобност и безбедност.

EXCELLENCE

0 емисии, 2 типа батерии и опсег до 350 km.

Новиот PEUGEOT E-TRAVELLER е идеален придружник на сите професионалци кои бараат возило способно удобно да превезува поголем број патници и багаж за долги или куси релации.

Новиот E-TRAVELLER доаѓа во две должини: Стандард (4,98 m) и долга (5,33 m).Неговата висина од 1,90 m значи дека можете да пристапите во повеќето паркиралишта.

PEUGEOT E-TRAVELLER:

Прилагоден да ја исполни секоја потреба.

Наменет за професионални превозници на патници (хотели, „шатл“ превоз, такси итн.), E-TRAVELLER доаѓа со 5 до 9 седишта, во зависност од верзијата, со врвно ниво на удобност. Нивото на опременост VIP овозможува конфигурација како салон со 4 независни седишта свртени едно кон друго, со високо луксузна завршна обработка и опрема (трозонска клима, затемнет стаклен кров и тн.).


E-TRAVELLER е прилагодлив и практичен, со лизгачки и отстранливи седишта, полици во вториот ред, интегрирани ролетни за сонце и друго. Совршен е и за активности на отворено, благодарение на напредниот Grip Control со Hill assist Descent Control, засилен систем за влечење при управување на површини кои пружаат ниско ниво на отпор (на пример: песок, кал, снег и тн.).

E-EXPERT Combi располага со максимум 9 седишта и се одликува со оптимизирана практичност. Оваа врерзија е дизајнирана првенствено за секојдневен транспорт  за здруженија, клубови и тн.

Тоа што е заедничко за сите верзии на новиот E-TRAVELLER е нивниот обемен внатрешен простор, кој при дизајнирањето не е одземен за сметка на батеријата сместена под подот. Во зависност од конфигурацијата, новиот E-TRAVELLER може да превезува до 9 луѓе со волумен на багажникот до 1.500 литри, 5 луѓе и 3.000 литриволумен на багажниот простор, па дури има и верзија каде волуменот на товарниот простор во багажникот изнесува до 4.900 литри со слободно место за превоз на 2 или 3 лица.

Надоврзувајќи се на овие фундаментални квалитети, новиот E-TRAVELLER оди чекор напред правејќи го овој модел едноставен за употреба, безбеден и ефикасен.