25 минути

Среќа во несреќа

За четири години двојно е зголемен бројот на несреќни ученици во Македонија, вели претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани. Таа препорачува вложување во образованието, затоа што тоа  клучно во зајакнување на економијата- квалификувана и комптенетна работна сила.

Ништо не знае оваа претставничка. Нека се врати со првиот воз дома, секој би ѝ препорачал, но нејзината среќа во целата несреќа е што возови не постојат во оваа земја. Но, нека ги отвори очите, нека ги наостри ушите, нека ја каже вистината за државава.  Очигледно е дека не е свесна во оваа земја постои само еден, единствен доказ за да се докаже дека некој е квалификуван и компетентен, за сите можни работни места- партиската книшка. Со неа сè се може, сè се знае.

Кутрата таа, нејзините анализи може да ги фрли во првиот контејнер, сè додека живее во информативен мрак, како навистина оваа држава функционира.  Наивна таа, претставничка на организација која не го зема во предвид најважното- партиска книшка, Со книшката, која многу често и може да се менува, зависно од тоа кој е на власт, се завршува најважната школа. Тоа е улична, онакви какви што и ни се партиите. Којзнае колку се смеат лидерите кога ги слушаат апелите на претставничката на УНИЦЕФ, којзнае колку им се неверојатно апсурдни препораките.

Длабоко завалени во фотелјите, заинтересирани исклучиво за себе и своите стомаци, кои се подмируваат исклучиво со банкарските сметки, кои ниту една институција не ги истражува. Заплеткани се сите во клопчето на корупција, образованието се сведува исклучиво на знаење како да се извлечат пари, провизии, да се таложат тајните фондови, додека сè не експлодира.

Дотогаш, не си го губете времето, госпоѓо Патриција ди Џовани. Иселете се заедно со нас, најмалку боли.