25 минути

Граѓаните имаат право да тужат за трошоците со менување на личните документи

Голготата со вадење на личните документи продолжува. Токму затоа, народниот првобранител Насер Зибери ги советува граѓаните да ја тужат државата за трошоците кои ги направиле, затоа што властите на време не ги направија обрасците, туку дозволуваа да се вадат лични документи без неопходните промени, со кои името Северна Македонија мора да стои на нив.

Во вториот дел од емисијата, дописникот од Франција, Тони Гламчевски ги анализира хаотичните процеси- граѓаните кои живеат во странство воопшто не се запознаени ниту со процедурите, ниту пак им се олеснети.