Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска доби стоечки аплауз по обраќањето пред Врховната Рада на Украина во Киев, порачувајќи дека Македонија и целиот демократски свет се на страната на украинскиот народ во неговата борба против руските агресори.
Митрески е во еднодневна посета на Украина на покана од претседателот на Врховната Рада, Руслан Стефанчук, во рамки на настаните посветени на втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина.
Северна Македонија ја продолжува цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинските институции и украинскиот народ, а граѓаните остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна, порачал претседателот на Собранието на Северна Македонија Јован Митрески кој престојува во Украина.