25 минути

Тања Балаќ доби Гран на„ Зимскиот салон“ на ДЛУМ

Уметницата Тања Балаќ за видео проектот „ Следна генерација“ , освои Гран – при на 20 „ Зимски салон“, што традиционално го организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Зад одлуката стои кураторката на „ Зимскиот салон“, Оксана Карповец од Украина, која ја зададе темата  „ Интимност и меѓусебна поврзаност“ на ова јубилејно издание. Карповец ја соопшти одлуката синоќа на отворањето на изложбата, во Чифте амам.

Тања Балаќ дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје,  на отсекот  за сликарство во 1991 година. Во 2008 година, Балаќ се стекнала со звање магистер на ФЛУ. Член е на ДЛУМ од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година е претседател на Друштвото. Во 2003 година Тања Балаќ  посетувала студии во Париз, а учествувала и на бројни конференции и работилници, надвор од Македонија. Покрај сликарството таа работи и инсталации, уметнички видео проекти, и уметнички претстави.