Независниот синдикат на здравствени работници најави протест, барајќи линеарно покачување на платите, но и конечно решение за договорите на дело.
Соопштуваат дека координативното тело ќе одлучува во каква форма ќе го изразат својот револт. Министерството за здравство тврди дека во март ќе има усогласување на минималната плата не само за здравствените работници, туку и за сите други помошни технички и административни службеници во здравствениот сектор согласно Законот за минимална плата.