25 минути

Советот за безбедност на ОН ќе одржи итна вонредна седница за Газа

Советот за безбедност на Обединетите Нации вечерва одржува итна вонредна седница за Газа, по смртта на околу сто лица, кои загинале по напад за време на дистрибуцијата на помош во храна.

Властите во Газа информираа дека загинале најмалку 104 луѓе, додека повредени се 760, со што бројот на загинати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се искачи на повеќе од 30.000. Израелската војска одби да даде изјава за улогата на војниците во инцидентот.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека смртните случаи од помош во храна додаваат итност за разговорите за прекин на огнот, но исто така ќе ги комплицираат преговорите.

Палестинските фракции денеска се состануваат во Москва за да разговараат за формирање нова влада, откако во понеделникот кабинетот на палестинската управа поднесе оставка. Хамас не го потврди присуството, но руски официјален претставник рече дека „сите страни“ се согласиле да учествуваат.