25 минути

Повеќе нема замрзнати цени

Од денеска повеќе не е на сила мерката на Владата за замрзнати цени на дел од прехранбените производи и безалкохолните пијалоци. Досега гарантирани цени имаше за ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо, производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни производи. 
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порача дека секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.